Голем интерес во ОАЕ: Посетата на Ковачевски на ударните вести на тамошните највлијателни медиуми

од Nikola Popovski
160 прегледи

Посетата на премиерот Димитар Ковачевски на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се најде на насловните страници на најпознатите весници во земјата, како и на дел од ударните вести од тамошните телевизиски куќи. Средбите на Ковачевски очигледно претставуваат позитивен сигнал за идните инвестициски можности и економски бенефит од соработката меѓу државите.

Премиерот заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, се во работна посета на Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

Целта на посетата е директна комуникација со инвеститори и средби со претставници на инвестициски фондови за подобрување на економската активност на државата во услови на најголемата светска економско-енергетска криза.

Ковачевски по средбите со раководствата на инвестициските фондови во рамки на посета на Обединетите Арапски Емирати, оствари средба со премиерот Н.В. шеикот  Мухамед бин Рашид Ал Мактум, кој воедно е заменик претседател и министер за одбрана.

Тој во разговорите со премиерот на ОАЕ, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум, искажа благодарност за приемот и за добрите односи меѓу двете земји со потенцијал за уште поголема соработка во иднина.

На состанокот дискутирале за напорите кои Владата ги прави за ублажување на последиците од енергетската криза, за важноста од нови инвестиции за нашата земја во услови на економско-енергетска криза како и за важноста од поддршката од Фондовите за развојни проекти кои ќе значат стимул за домашната економија.

Слични содржини