Голем ЛГБТ настан откажан поради мајмунските сипаници

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Организаторите на бесплатен концерт на претстојниот LGBTQ фестивал познат како Southern Decadence во Њу Орлеанс го откажаа концертот поради закана од мајмунски сипаници.

Поголемиот шестдневен фестивал од 1 до 5 септември требало да продолжи според планираното, како и од 1973 година, со исклучок на моментот кога удри ураганот и во првите две години од пандемијата на Ковид-19. Популарниот настан обично привлекува околу 250.000 луѓе.

Сепак, организаторите на концертот сметаа дека со зголемувањето на случаите на мајмуни сипаници, особено кај геј, бисексуалците, трансродовите и небинарни луѓе, не вреди да се ризикува.

Мајмунската сипаница се шири преку близок контакт кожа на кожа. Иако не е сексуално пренослива болест, повеќето случаи на оваа епидемија во САД биле преку сексуален контакт, кожа на кожа, според американските центри за контрола и превенција на болести.

Концертот е на отворено, но неговите познати изведувачи како Дебора Кокс, Џенифер Холидеј и Weather Girls привлекуваат голема публика.

-Танцуваат рамо до рамо, бидејќи треба да го слават животниот стил преку музика и концерт, тоа е прекрасно, но е опасност поради мајмунските сипаници- изјави организаторот Чак Робинсон за Си-Ен-Ен.

Организаторите на фестивалот рекоа дека тесно соработуваат со министерството за здравство на Луизијана.

Во државата Луизијана имаше 127 случаи на мајмунски сипаници, заклучно со четвртокот.

Слични содржини