Голем пожар кај Подгорица, се гаси со авиони

од desk2
87 прегледи

Голем пожар избувна кај Подгорица, главниот град на Црна Гора, а се заканувал да ги зафати и куќите.

Со интервенција на пожарникарите ставен е под контрола.

Околу 10 и 11 часот пријавени се десетина пожари на различни локации околу главниот град.

Во гасењето на поаѓрот вклучени се и авиони, но отежнато е од силниот ветар.

На пожарникарите им помага и војската како и колегите од Даниловград.

Уште еден пожар е активен, а другите се под контрола или се изгасени.