ГОЛЕМ ПОЖАР НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК НА РУСИЈА: Густ чад на над 736 сибирски села и 9 градови

од Vladimir Zorba

ГОЛЕМ чад зафати стотици сибирски села поради пожарот што се уште беснее во овој регион на Русија богат со шуми.

Претставници на брза помош во регионот Иркутск во југоисточен Сибир денеска изјавија дека чадот од шумските пожари на северот и во соседната Република Саха, исто така познат како Јакутија, се проширил на 736 села и девет градови, пренесе АП.

Во регионот Краснојарск западно од Иркутск, локалните власти денеска потврдија дека 944 населени места се затрупани со чад од пожарот во Јакутија, 75 повеќе од претходниот ден.

Според официјалните податоци на надлежните руски служби, од утрово имало 169 активни пожари, кои зафатиле 3,9 милиони хектари во Јакутија, огромен регион во североисточниот дел на Сибир, кој најмногу настрада од пожари оваа година.

Локалните власти денеска евакуираа 39 жители на едно село во Јакутија, бидејќи пожарот бил на само 3 километри оддалеченост од куќите.

За годинашното влошување на ситуацијата со шумските пожари, експертите ја обвинуваат одлуката од 2007 година за распуштање на федералната авијациска мрежа за откривање и гаснење пожар.

Имотот на оваа служба за откривање пожар е доделен на регионалните власти, што многумина го критикуваа, сугерирајќи дека тоа значително ќе ја намали способноста на властите за брзо откривање и задушување на шумските пожари.

Слични содржини