Во близина на Омиш, град на хрватското крајбрежје, околу 14 часот изби пожар во чие гасење се вклучени сите сили.

Пожарот е во близина на Јадранската магистрала, а таму се испратени сите пожарникари од подрачјето на Омиш. Поради силниот ветар огнот се шири кон запад, а ситуацијата ја отежнува и ридестиот терен.
Поради брзото ширење на огнот две цистерни на пожарникарите се зафатени, а тие кои биле внатре успеале на време да побегнат.
На пожарникарите на помош им придитгнаа и четири канадери и Ер трактори.