Голем пожар на отворен простор над селото Батинци

Поради силниот ветер, пожарот брзо се шири.

од Бисера Трајковска
17 прегледи

Над скопското село Батинци попладнево избувна голем пожар, кој според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, зафати ниска трева, грмушки и мешана шума. Според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.

Поради силниот ветер пожарот брзо се шири.

На терен се екипи на Бригадата за противпожарната на Скопје (БППЗ). Во гаснењето ќе се приклучат и два пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер на МВР, како и два ер трактори на ДЗС кои ќе полетаат нешто подоцна.

И директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али е на лице место.