ГОЛЕМ ПОЖАР: Црн и густ чад се шири – гори магацин (ВИДЕО)

од Берта Китинска
193 прегледи

Голем пожар избувна во Дорчол утрово околу шест часот, а како што беше потврдено oд Министерството за внатрешни работи, гори магацин во пристаништето во Белград,пишува Танјуг.

Според информациите на МВР,  никој не е повреден, а на лице место излегле 13 противпожарни  возила и 46 пожарникари.РТС јавува дека магацинот на приватна компанија, во кој има претежно хартија,картон, гуми.. се случил голем пожар.

Голем црн облак од чад се гледа од далечина, во централниот дел на Белград, а ветерот го шири чадот кон Нов Белград.