Голем пожар во напуштена фабрика во Хрватска

од desk2
219 прегледи

Голем пожар изби попладнево во напуштена фабрика за памучна индустрија во Хрватска.

Како што јави порталот „Индекс“, пренесувајќи ги локалните медиуми, густ чад се издига над зградата.

Огнот се обидуваат да го изгаснат пожарникарите, но и покрај тоа пожарот се шири.

На терен се излезени повеќе од 50 пожарникари и 18 возила.