Голем пожар во основно училиште во Пула (ВИДЕО)

од Берта Китинска
347 прегледи

Вечерва околу 20 часот избувна голем пожар во основното училиште „Веруда“ во Пула. Според Regional Express, голем број пожарникари се на терен и се обидуваат да го спречат пожарот.

Според неофицијални информации, пожарот ја зафатил надворешноста на покривот на училиштето.

Причината за пожарот бил факел фрлен на покривот на зградата.Покрај пожарникарите и полицијата, на местото на настанот се и општинските службеници.