Голем пресврт на вонреден состанок во Германија, Меркел призна: „Направив грешка“

од Stefanija Kuzmanovska
353 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повлече одлуката за дополнителни ограничувања што требаше да бидат воведени за Велигден по острите критики за таа одлука, се дозна во средата од учесниците на состанокот на германскиот канцелар и покраинските премиери.

Меркел им рече на учесниците на вонредно закажаната средба дека договорот, кој таа и премиерите го постигнаа рано наутро во вторникот, за мерките што треба да важат за Велигден, според кои повеќето продавници треба да бидат затворени, како и бројот на луѓе на семејни состаноци, нема да се спроведе.

Критиките за договорот од пред два дена беа првенствено дека, и покрај маратонските разговори меѓу канцеларката и покраинските премиери, клучните елементи на договорот всушност останале нејасни.

Германски бизнисмени и претставници на индустријата тврдат дека за нив е нејасно што всушност значат мерките за затворање на Велигден во пракса.

„Јас сум виновна“, беше цитирана Меркел.

Според нив, причината за таквата одлука е тоа што затворањето или строгото ограничување на деловните активности на 1 и 3 април би било тешко да се спроведе.

Засега е непознато дали има алтернативен план за спречување на силниот трет бран на инфекции со коронавирус.

Федералните и провинциските влади на Германија се согласија да го продолжат затворањето до 18 април и ги повикаа граѓаните да останат дома пет дена за време на велигденските празници за да го разбијат третиот бран на пандемијата, објави канцеларката рано во вторникот.

На разговорите доцна во ноќта, Меркел ги повика лидерите на 16 германски држави да заземат поостар став во борбата против пандемијата, свртувајќи ги плановите за постепено отворање на економијата, договорени претходно овој месец.

Од друга страна, германските граѓани се повеќе се незадоволни од мерките за штедење, а владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на Меркел доживува голем пад на популарноста пред изборите во септември.

Слични содржини