Голем пресврт: Погба се враќа во март

од Nikola Popovski
7 прегледи

Познатиот француски фудбалер Пол Погба веќе во март ќе му се врати на фудбалот бидејќи четиригодишната суспензија поради допинг скандалот му беше намалена на само 18 месеци.

Французинот падна на рутинска допинг-контрола по победата на Јувентус од 3:0 над Удинезе на крајот на август минатата година, кога тестот на крвта откри присуство на DHEA во неговото тело, која е супстанца забранета во италијанската Серија А.

Погба за тоа ја доби максималната можна казна, а тоа е суспензија од четири години. Сепак, тој поднесе жалба која била прифатена.

Како што пренесува ексклузивно британски „Дејли Мејл“, жалбата на Погба вродила со плод и денеска добил одлука дека може да се врати на терените веќе во март следната година.

На Погба од јануари ќе му биде дозволено да тренира со својот Јувентус, па два месеци би се подготвувал да се врати на терените заедно со соиграчите. Со оглед на тоа што неговиот договор со Јувентус се уште трае до летото 2026 година, тој ќе има година и пол да игра за „Старата дама“ и да се обиде да се врати во својата препознатлива форма.

Во текот на кариерата ги носеше само дресовите на Манчестер Јунајтед и Јувентус. Со француската репрезентација стана светски шампион и беше клучен играч на Светското првенство во Русија 2018 година.

Слични содржини