Манчестер Сити потроши околу 170 милиони евра за пет играчи ова лето, но го добија своето најважно засилување бесплатно. Станува збор за холандскиот тренер Пепин Линдерс (42), кој беше десна рака на Јирген Клоп во Ливерпул осум години.

Пепин Линдерс
Кога Клоп ги напушти „црвените“, Линдерс кратко го водеше австрискиот Ред Бул Салцбург на есен минатата сезона, а пред 54 дена, под радарот, пристигна во Сити. Неговото доаѓање во тимот на Пеп Гвардиола помина релативно незабележано, но британските медиуми проценуваат дека всушност станува збор за тоа тренерот на „граѓаните“ да планира тактички пресврт
Наместо фудбал со висок посед на топка и бесконечни додавања, на што Гвардиола инсистираше во последните 15 години, новиот Сити треба да се сврти кон високооктански вертикален фудбал и брзи контранапади по освојувањето на топката.
„Модерниот фудбал престана да биде позициска битка, треба да се влезе во вистинскиот ритам. Модерниот фудбал е она што го гледаме во играта на Ливерпул, Њукасл и Брајтон“, изјави Гвардиола за „ТНТ Спортс“ пред неколку месеци.