273
Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли не смета да го вклучува голгетерот на Интер, Мауро Икарди во составот за светското првенство во фудбал во Русија од 14 јуни до 15 јули, тврди „Fox Sports“.
Според американскиот медиум, Сампаоли не бил задоволен од настапите на напаѓачот во дресот на националниот тим, а освен тоа Икарди бил во лоши односи со соиграчите и најмногу со Лионел Меси од Барселона.
Од почетокот на сезоната, Мауро Икарди постигна 18 гола во 22 натпревари за „неразуарите“.
Аргентина е во група со Нигерија, Исланд и Хрватска на СП 2018 во Русија.