144
Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани денеска поради големиот шумски пожар во провинцијата Кастелон на истокот на Шпанија.
Пожарот се прошири на околу 3.000 хектари земјиште откако избувна во четвртокот, соопштија властите во автономната заедница Валенсија, која го опфаќа Кастелон.
Службите за итни случаи во регионот објавија дека поради пожарот се евакуирани луѓе од осум општини, вклучително и дом за стари лица во Монтана.