Голем скандал во познат клуб, тројца фудбалери позитивни на сифилис

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Голем скандал ја тресе Бока Јуниорс, која е пред сериозен предизвик откако беше потврдено дека тројца играчи на првиот тим се позитивни на сифилис – пренесува аргентинскиот медиум „Перфил“.

Рутински здравствени прегледи, извршени во приватна клиника во областа Саведра, беа извршени од експерти кои тестираа вкупно 34 членови на тимот, од кои тројца беа позитивни. Бока се уште не излезе со официјално соопштение, но веста веќе стана тема на многу јужноамерикански портали.

– Бока Јуниорс ги испрати своите играчи и стручниот штаб на рутински прегледи во приватна клиника, каде што беа направени лабораториски испитувања. Резултатите покажаа дека тројца играчи биле позитивни на сифилис, што предизвика загриженост во клубот. Ситуацијата се следи, а играчите веќе започнале со лекување. Сепак, постои значителна тревога бидејќи не е јасно како се заразиле и дали постои ризик од ширење на инфекцијата – изјави новинарот Федерико Флорес.

Оваа сексуално пренослива инфекција (СПИ), предизвикана од бактеријата Treponema pallidum, може да се пренесе преку сексуален контакт, трансфузија на крв или од мајка на дете за време на бременоста.

Сифилисот, доколку се открие навреме, може успешно да се лекува со антибиотици. Сепак, за Бока овој инцидент го отвора прашањето за превентивни мерки и здравствена едукација во клубот со цел да се избегнат слични проблеми во иднина.