Голем срам за Јунајтед: Алекс Фергусон технолошки вишок во Манчестер

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Во историјата на Манчестер Јунајтед, имаше две големи ери поврзани со двајца големи менаџери, Мет Бесби и Алекс Фергусон, најдолготрајниот менаџер на клубот. Затоа звучи неверојатно веста дека Манчестер Јунајтед го прогласил Сер Алекс Фергусон (82) за технолошки вишок од позицијата клупски амбасадор!?

Причината е – технолошки вишок на вработени. Ко-сопственикот на клубот, Сер Џим Ретклиф, во решавањето на технолошкиот вишок на 250 вработени и намалувањето на трошоците од платниот список, ја отстрани легендата на клубот.

Фергусон ги водеше „црвените ѓаволи“ од 1986 до 2013 година, освои 13 Премиерлиги, пет ФА Купови и два трофеи во Лигата на шампионите, две УЕФА Лиги на шампиони (плус две финалиња), Интерконтинентален куп, Светско клупско првенство, Суперкуп на Европа, Куп на купови, девет англиски Суперкупови.

По освоените 37 трофеи, 11 пати најдобар менаџер во Премиер лигата и носител на преку 50 индивидуални награди, човекот кој седеше 1.500 пати на клупата на тимот е – технолошки вишок. Легендите се секогаш легенди, Јунајтед имаше со кого да се гордее, а сега клубот има од што да се срами поради оваа „брука“.

Никој во светот не може да „проголта“ оставка поради пари. Затоа Јунајтед по заминувањето на Фергусон е далеку од англискиот, а со тоа и европскиот врв.

Слични содржини