Голем триумф на Црвена Ѕвезда со двата гола на Павков: Не бев свесен што се случува

од desk2

Милан Павков, херојот на Црвена звезда кој со два погодока го „сруши“ Ливерпул, изјави дека при постигнувањето на вториот гол не бил свесен што се случува.

Вчерашната вечер во Лигата на шампионите им донесе многу причини за радост на играчите и навивачите на српскиот клуб Црвена Ѕвезда, кој стигна до првата победа од групната фаза во елитното европско натпреварување.

Херој на домаќините беше Милан Павков. Српскиот напаѓач најпрво погоди во 22. минута со удар со глава и потоа во 29. минута со силен удар од 30-ина метри.

„За првиот гол бев свесен, ама при постигнувањето на вториот не ми се веруваше во тоа што го гледам. Ја земав топката, добив идеја да шутнам и тоа е тоа. Беше тешко, но постигнавме историска победа. Сите сме се уште под впечатоци од натпреварот. Просто не можеме да поверуваме што направивме“, потенцира Павков.

Со триумфот над Ливерпул, белградските „црвено-бели“ ги задржаа шансите за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите.

Останати резултати:

Монако – Бриж 0:4

Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд 2:0

Интер – Барселона 1:1

Наполи – ПСЖ 1:1

Порто – Локомотив Москва 4:1

Шалке – Галатасарај 2:0

Тотенхем – ПСВ 2:1

Слични содржини