181
На денот кога беше регистриран најголемиот број новозаболени од коронавирус во Токио, тимот на Гвинеја реши да се повлече од Олимписките игри поради страв за здравјето на нивните спортисти.
Оваа одлука ја потврди министерот за спорт во оваа африканска земја и со тоа ги подгреа сомнежите за одржржувањето на најголемиот спортски фестивал планиран ова лето.
Интересно е што овој тим имаше само пет спортисти, а ова ќе биде трет пат Гвинеја да нема претставници на Игрите.
Претходно, тоа беше во 1972 година во Минхен и четири години подоцна во Монтреал.