Голем удар за Синер пред Отвореното првенство на САД

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Австралискиот тренер Дарен Кејхил нема да биде дел од тимот на Јаник Синер на претстојното Отворено првенство на САД во Њујорк.

Човекот кој е во голема мера заслужен за напредокот на италијанскиот тенисер ќе го пропушти Отвореното првенство на САД, каде што Синер ќе ја брани титулата, објави „Ла Република“.

Порано стана познато дека играчот број еден во светот го вратил во својот тим фитнес тренерот Умберто Ферара, кој работеше со него од мај 2022 до септември минатата година. Тие ја прекинаа соработката по скандалот со употребата на клостебол.

Кејхил е во тимот на Синер од 2022 година, а кога неодамна го победи Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон, сите нагласија дека влијанието на Австралијанецот било клучно. Затоа, веста дека тој нема да биде присутен на Отвореното првенство на САД предизвикува сериозна загриженост кај навивачите и експертите.

Отвореното првенство на САД започнува на 24 август, а финалето е на 7 септември.

Слични содржини