197
Кадетската репрезентација на С. Македонија денеска во големото финале на ЕХФ шампионатот во Рига ја совлада селекцијата на Швајцарија.
Избраниците на Раде Стојановиќ победија со 24:22, а по овој триумф обезбедија пласман на кадетското Светско првенство наредната година, како и на младинското Европско првенство во 2024-та година.
Димковски го заврши натперварот со седум реализации, а се истакнаа уште Петковски со 6 и Калајџиески со 4 погодоци.
За најдобар играч на мечот беше избран голманот Брестовац.