479
Македонскиот филмски феномен „Медена земја“ номиниран во категоријата Најдобар документарец на престижните филмски награди, Оскарите.
Филмот кој не престанува да ги собира сите значајни филмски награди успеа да влезе во најтесната битка за Оскар за најдобар документарец.
Овој филм испиша вистинска историја во современата филмска индустрија на Македонија.
„Медена земја“ исто така успеа да се номинира и во категоријата Најдобар странски филм, наменета за филмови од неанглиско говорно подрачје.
Досега, најблиску до наградата Оскар, беше филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“ во 1995 година . А за најпрестижната филмска награда, во рамки на Југославија беше номиниран и документарецот „Дае“ на Столе Попов пред точно 40 години.