Голем успех: Уличната мачка Бенсон сега е инстаграм sвезда

од desk4

Пред пет години еден мачор скиташе по улиците на Дубаи. Тој беше запоставен и мизерен затоа што неговото семејство го исфрли на улица и го остави таму, затоа што  се исели од градот. Не се снајде многу добро на улица, бидејќи беше вистинска домашна мачка. Но, неговата среќа се насмевна кога го пречека идното семејство, кое реши да го однесе дома.

Тоа би било обична приказна со среќен крај ако немаше нешто   необично. Многу брзо неговите нови сопственици го забележаа како позира. Односно, секогаш кога ќе беше насочен кон него мобилен телефон или фотоапарат, тој ќе се смиреше и ќе  погледнеше во нив. Од шега му ставија очила за сонце на главата и го снимија. Тој беше потполно смирен, па сфатија – дека sвездата е родена.

Тие брзо му отворија профил на Инстаграм, а со текот на времето бројот на неговите следбеници порасна на скоро 175.000. Воодушевени се од фотографиите на мачкакта со  облека и со  капа на главата. Единственото нешто што го мрази, вели неговиот старател, се чорапите. Затоа тој никогаш не ги носи на фотографии.

Кога не позира, го обожава своето семејство. Тој е навистина приврзан за нив и буквално е вљубен во машкиот дел од семејството – тој својот старател го следи насекаде. Кога ќе го напушти станот за да оди на работа, тој скока низ прозорецот и го следи со погледот. Потоа оди до вратата и чека да се врати.

Бенсон исто така многу ја сака својата сопруга, но сепак  има простор во куќата само за една романтична врска.

Слични содржини