Голем верижен судар во Илиноис: Има жртви и повеќе од 30 повредени (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
503 прегледи

Шест лица загинаа, а 30 се повредени во верижен судар во кој учествувале десетина возила на автопат во американската сојузна држава Илиноис.

Помеѓу 40 и 60 автомобили и околу 20 комерцијални возила, вклучително и бројни камиони со приколки, учествуваа во сообраќајна несреќа на меѓудржавниот автопат 55 во понеделникот попладне, изјави полициски претставник.

Два камиона се запалиле како последица на судирот.

Околу триесет повредени лица се пренесени во локалните болници, а неколку лица починале, рече официјалниот претставник.

Како што нагласи полицијата, проблемот го предизвикал силен ветер кој од земјоделските ниви дувал кал на автопатот, што резултирало со нулта видливост. Тој дел од автопатот неколку часа бил затворен во двата правци.

Слични содржини