Голема Богородица неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

од Берта Китинска
385 прегледи

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 28 Август 2021 година (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Слични содржини