Голема група малолетници подготвувала физичка пресметка во Аеродром, интервенирала полицијата

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

Синоќа во ТЦ Бисер во скопски Аеродром се собрале поголема група на малолетници кои подготвувале физичка пресметка, соопшти МВР.

„Имено, по добиени оперативни информации дека на 14.10.2022 околу 21 часот во трговски центар на бул. Јане Сандански има поголема група на малолетници со намера физички да се пресметаат, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром биле преземени соодветни мерки и активности, но не дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

Во врска со настанот, со присуство на родители, во Полициската станица Аеродром бил извршен разговор со тројца малолетници, кои појасниле дека во трговскиот центар требало да има физичка пресметка помеѓу две групи.

Се работи на расчистување на случајот“, информираат надлежните.

Слични содржини