Несреќата се случила утрово пред пет часот, а сите повредени се пренесени во лесковачката општа болница. Началникот на Ургентен центар на болницата во Лесковец, Милан Стојковиќ за српските медиуми изјавил дека поголем дел од мигрантите имале фрактури на меките ткива, но и на ‘рбетот. Кај тројца од повредените констатирана е квадрлиплегија, односно прекин на рбетен мозок.
Во Ургентниот центар во Лесковец велат дека не паметат таква несреќа, а во текот на денот дел од мигрантите ќе бидат пренесени во Клиничкиот центар во Ниш.
Најголем дел од повредените се мигранти од Сирија, Бангладеш, Нигерија, кои илегално влегле во Србија, а се претпоставува дека се упатиле кон некоја од земјите на ЕУ.
Се претпоставува дека причина за несреќата е неприлагодена брзина, со оглед на фактот што комбето излетало од автопатот кон една нива повеќе од 150 метри.
Фото: Блиц.рс
