217
На локалните избори во Шпанија одржани во неделата, владејачката Социјалистичка партија претрпе тежок пораз од конзервативната Народна партија (ПП).
Врз основа на 95 отсто од преброените гласови, поразот на шпанските социјалисти укажува на нивната изборна ранливост пред општите избори закажани за крајот на оваа година, наведува „Ројтерс“.
Социјалистите успеаја да постигнат тесна победа само во три од вкупно 12 региони, додека во другите девет, очигледно победи Народната партија, иако со коалиции или неформални договори за поддршка со екстремно десничарската партија Вокс.