Во текот на денешниот ден полициски службеници од СВР Скопје во содејство со специјалците од “Тигар” реализираа голема акција на подрачјето на главниот град.
Во акцијата се лишени неколку криминалци осомничени за тешки кривични дела, а при претресите во нивните домови биле пронајдени оружје, муниција, дронови и други предмети поврзани со извршени кривични дела.
Од МВР потврдуваат дека имало ваква акција и повеќе детали најавуваат за утре.