Голема полициска акција „Синџир“, се апси на повеќе локации низ земјава

од Nikola Popovski
240 прегледи

Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството  што обвинителството ја спроведе со Управата за финансиска полиција и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

По завршување на акцијата обвинителството детално ќе информира за предметот.

Слични содржини