Голема полициска акција во Скопје и Куманово, уапсени неколку лица, запленето поголемо количество амфетамин

од Milan1
91 прегледи

По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи, во која беа применети и посебни истражни мерки, денеска полициски екипи под раководство на јавен обвинител спроведуваат акција и претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово, во рамките на која запленето е поголемо количество амфетамин и уапсени се неколку лица.

Повеќе информации ќе бидат споделени по целосно завршување на акцијата.

Слични содржини