Илјадници бразилски војници и полицајци почнаа голема операција против криминалните банди во четири фавели во Рио де Женеиро, каде загинаа две лица.

Пред точно една година за време на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Рио, некои делови од градот личеа на воени зони, оцени агенцијата Франс Прес.
Операцијата следи откако повеќекратно се зголеми бројот на кражби на товарни камиони и мобилизација на 10.000 луѓе претходната недела кои ќе се борат против насилствата.
Полицијата наведе дека се уапсени 18 луѓе и запленето е оружје како и дрога.
Операцијата се спроведува во три северни и една западна фавела, додека полицијата оздаде налози за апсење на 40 лица.На луѓето на земја поддршка им пружаат хеликоптери.
Во првите шест месеци од годинава во Рио се убиени 3.457 луѓе, што е за 15 отсто повеќе од лани.
Претседателот Мишел Темер пред осум дека потпиша указ со кој дозволува употреба на вооружените сили во државата Еио де Женеиро за борба против организираниот криминал.
Веднаш потоа беа мобилизирани 10.000 луше од кои 8.500 војници кои зазедоа положба во градот.
Денешната операција е втора фаза оф мобилизацијата на војската и полицијата во Рио каде претходните недели се крадеа многу камиони и имаше многу насилство.
Рио де Женеиро има околу 6.5 милиони жители, погоден е од насилства и во просек секојдневно од заталкани куршуми ранети се по три лица.