Голема разлика во цените од маркет до маркет, како да не се сите во Македонија

од Mimi Spasovska
358 прегледи

Граѓаните не само што се соочија со големо поскапување на речиси се, од леб до козметика и месо, но и поскапувањата не се исти и помеѓу големите маркети постојат големи разлики во цените.

Еден производ во Скопје  може да  чини и речиси двојна поскапо во зависнот од тоа дали го купувате во еден или во друг маркет во градот.

Додека граѓани во еден маркет лебот го плаќаат 36 денари,  најефтиниот леб во друг маркет ги чини речиси дупло – 50 денари.

Во еден маркет сирењето се продава по цена од над 450 денари по килограм, а во друг сирење може  да се купи и за 370 денари за килограм.

Споредувајќи ги разликите во цените на трговските ланци може се види разлика и во цената на зеленчикот, па така  килограм домати чини 99 денари во еден маркет ,а во друг се продава за 88 денари.

Слична е состојбата  и со  овошјето, млекото и месосто и целата потрошувачка корпа.

Цените на млекото лебот, јајцата, лебот и другите основни прехранбени производи секаде варираат.

Ова го покажуваат и искуствата кои Скопјани ги споделуваат на социјалните мрежи.

„Лебот е од 60 денари па нагоре. Не знам дали се случија тие 5 денари намалување што ги најави владата. Има една фурна во Нерези. Таму лебовите се од 30 денари па нагоре. Значи, има преубав леб за 30. Е како тие опстануваат, кажете ми? Не треба ли тие да заработат и плати да поделат? Треба, но се солидаризираат со народот и сигурно намалиле од профитот. А како резултат на ниските цени продажбата им е повеќекратно зголемена зошто секогаш ред се чека. Алал да им се парите!”, се вели во една од бројните реакции на граѓани на социјалните мрежи во врска со разликите со цените.

Инаку цените на лебот беа и повисоки, но откако Владата одлучи  да ги врати компаниите кои произведуваат храната на регулиран пазар за снабдување со струја, тиа почнаа малку да се намалуваат.

Со оглед дека цените на основните производи и официјално се поскапени и за 30 проценти, високите цени  продолжуваат да ги загрижуваат сите.

Што велат економистите?

Дали ќе поминете поефтино или поскапо во некој од маркетите во Скопје, како што појаснуваат економистите, тоа зависи од стратегиите на трговските ланци. Но професорката по економија Марија Зарезанкова порачува дека освен со намалување на цените на основните прехранбени производи, државата ако сака може да се интервенира и со намалување  на  разликите во цените.

Марија Зарезанкова

Марија Зарезанкова

„Тоа е стратегијата на компаниите односно на политика со маржите, за да привлечат купувачи. Во прашање се различни начини, ако сакаат побрзо дa им се врататат парите одат со помала маржа, или пак со високи цени односно со голема маржа, а  тоа значи дека не е  толку важно кога ќе продадат,  но висок е профитот. Затоа има разлика, затоа народот се бутка во едни маркети а многу помалку купуваат во друг маркет”, вели Зарезанкова.

Слободното фомирање на цените на храната се дел од пазарната економија вели Професорката, но укажува дека според нејзиното размислување и државата може да интервенира во разликите во цените.

„Државата може да интервенира, може да  утврди маржата да биде единствена на ниво на цела земја. Е тука сега тоа треба пазарната инспекција да доаѓа, да гледа, да не гледа низ прсти, туку да постапува да ги казнува ако ја покачуваат маржата на одреддени производи“, истакнува таа.

Интервенција на државата врз маржите -добро решение или ќе создаде дополнителни проблеми?

Професорот Зоран Ивановски со спртивен став.

Она што на прв поглед се чини добро, а тоа е државата да влијае врз цените во суштина е спротивно на пазарната логика, вели професорот Ивановски за „Локално“.

„Треба да биде јасно дека станува збор за пазарна економија и секое преголемо мешање на државата во економијата создава доплнителни проблеми, односно се враќаме во еден ситем кој Македонија пред 30 години го напушти“, изјави професорот Ивановски .

Зоран Ивановски

Зоран Ивановски

„Преголемото мешање на државата во тие релации може да креира само недостиг на производи, а пазарот е тој кој ќе ги селектра економските оператори и ќе останат на пазарот оние кои нудат производи соодветни на квалитетот и со соодветна цена како што одговара на купвачите”, вели професорот.

Тој  порачува: „Да го заборваиме социјалзимот и да ја применуваме пазарната економија без оглед за каква инфлација станува збор. А, ако сака државата да влијае на стабилизaција на пазарoт тоа се прави со други фискални мерки, а во дело на маржите треба да остави тоа да биде дискреционо право на операторите”, комнтира Ивановски за „Локално“.

Инаку пред неколку денови Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дополнително намалување од 5 до 12 отсто на цените на основните прехранбени производи по средбата со компаниите за производство на храна. Кажа дека веќе констататирале дека почнал трендот на намалување на цените на млекото и лебот.

Тој смета дека по склучувањето на договорите со ЕСМ за поевтина струја, компаниите дополнително ќе ги намалат цените за крајните потрошувачи, а голема промена според  уверувањата на министерот треба да се очекува во првата недела од декември.

М.С.М.

Слични содржини