Голема тепачка во Волково, најстариот учесник имал 79 години

од Nikola Popovski

Вчера утрото се случила групна тепачка во скопско Волково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, во текот на вчерашниот ден во 10:50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во с.Волково, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(42), Ј.Ш.(46), С.П.(69) од една страна и Ф.Р.(60), Љ.П.(26), Р.Р.(38) и Ќ.Р.(79), од друга страна, сите од Скопје.

-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.

Слични содржини