Голема трагедија во прилепско: Починаа две новороденчиња

од Nikola Popovski
70 прегледи

Голема трагедија се случила во прилепско откако вчера починале две новороденчиња, близначиња кои биле стари само дваесетина дена. Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош.

Од она што досега се знае родителите на новороденчињата викнале брза помош која на лице место констатирала смрт кај едното новороденче, а другото во многу тешка состојба било однесено во болница, каде што починало, по што била известена полицијата и обвинителството, при што е започната истрага.

Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Дежурниот јавен обвинители информира и дека денес ќе се врши обдукција врз телата на починатите новороденчиња.

Од Центарот за социјални работи велат дека откако биле инфoрмирани ги презеле законските мерки. Најавија прес-конференција за денеска во 12 часот.

Слични содржини