Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао сака да го напушти клубот, пишува „Тутоспорт“. Изданието тврди дека постои голема тензија меѓу левото крило и главниот тренер Пауло Фонсека, а Барселона ќе се обиде да го искористи тоа.
Леао не беше во стартниот состав на „росонерите“ при поразот од Наполи со 2-0 пред неколку дена, што уште еднаш го покажува односот меѓу него и неговиот сонародник Фонсека.
Веста од Италија стигна и до Шпанија. Каталонските медиуми информираат дека во Барселона внимателно ја следат ситуацијата околу Леао, откако минатото лето не успеаја да го привлечат Нико Вилијамс.
Се очекува до почетокот на следната сезона финансиската состојба во Барселона да биде значително подобра и клубот да може да си го дозволи Рафаел Леао.
На претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта многу му се допаѓа крилниот напаѓач на Милан.