Големата победа на италијанскиот фудбал: Познат е датумот за продолжување на Серија „А“

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за спорт, Винченцо Спадафора, најави дека Серија „А“ може да продолжи. Тој наведува дека ќе побара од премиерот Џузепе Конте да ја продолжи Серија „А“ на 20 јуни.


Поради пандемијата од коронавирус, Серија „А“ беше прекината на 9 март.

Полуфиналето на Купот ќе се игра прво на 13 јуни, а потоа ќе се врати Серија „А“.

Играчите редовно ќе бидат тестирани за коронавирус и доколку некој се тестира позитивно за „Ковид-19“, ќе мора да биде ставен во карантин.

Првично, идејата беше сите фудбалери да бидат вокарантин една недела, ако барем еден играч е позитивен, но тоа ќе се промени сега.

Бундеслигата веќе продолжи, Шпанците исто се враќаат во јуни, Премиер лигата на 17 јуни и Серија „А“ на 20 јуни.

Слични содржини