Големата расправија помеѓу Конте и Лаутарo беше решена со боксерски меч

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Пред два дена новиот шампион на Италија, Интер ја победи Рома со 2: 1, но по натпреварот во соблекувалната на миланскиот клуб беше бурно.

Антонио Конте и замери на својата најголема sвезда за неговата реакција кога го извади од игра во 77-та минута. Имено, Аргентинецот го започна натпреварот на клупата, а потоа влезе во 35-тата минута наместо повредениот Алексис Санчез.

Во 77-та минута Конте го извади Лаутаро и го внесе Пинамонти. Лутиот напаѓач шутна шише вода што стоеше покрај клупата кога го напушти теренот, а Конте веднаш реагираше.

„Имај почит. На кого си лут? Никогаш повеќе да не си направил вакво нешто”, му посочи Конте на Лаутаро.

Помошникот на Конте, Кристијан Стелини објасни што се случи по натпреварот.

„Тоа ми се случи и мене пред 14 години кога Конте беше мој тренер. Тој ме замени по 20 минути. Иако ја обезбедивме титулата, сакаме да видиме дека играчите сè уште работат напорно и дека се максимално фокусирани. Лаутаро не беше на тоа ниво. Некои работи остануваат во соблекувалната. Сега сè е во минатото и со нетрпение го очекуваме следниот меч“, рече Стелини.

Дека нервозата и кавгата е зад двајцата, покажа сцената од вчерашниот тренинг на Интер кога Конте и Лаутаро беа расположени и имаа боксерски натпревар пред сите играчи, кои се смееја.

Слични содржини