По поразот од Брајтон во 36. коло од Премиер лигата со резултат 4:0, Манчестер Јунајтед и дефинитивно следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите.
Челниците на клубот одлучија да им ја намалат платата на играчите кои ќе останат во клубот и следната сезона за 25 отсто.
Тоа ќе биде направено поради големата загуба на пари без која ќе останат „црвените ѓаволи“ поради помалите приходи од ТВ права, маркетинг и други извори.
Истото го направија и во 2019 година, кога претходната сезона ја завршија на шестото место.
Најмногу ќе загуби Кристијано Роналдо, чија плата од 385.000 фунти неделно ќе падне на 288.000 фунти. Не така одамна, Португалецот заработуваше 500.000 фунти неделно во Јувентус.
Зад него ќе биде голманот Давид де Хеа, кој моментално добива 375.000 фунти, па неговата плата ќе биде 281.000 фунти неделно.
Јасно е дека новиот тренер на клубот Ерик Тен Хаг ќе има многу тешка работа во првата сезона на клупата на Манчестер.