Охрид денеска беше погоден од силно невреме кое предизвика големи материјални штети во некои делови на градот, при што беше откорната кровна конструкција од станбена зграда.
Според објавените видеа и фотографии на социјалните мрежи, покривот оштетил повеќе куќи и автомобили.
Силниот ветер, проследен со дожд и град откорна дрвја, искршил и гранки и искинал кабли од телефонски и телевизиски оператори во градот.
Градоначалникот на градот, Кирил Пецаков информира дека излегле на терен, заедно со надлежните служби.
-Заедно со екипите на јавните претпријатија, територијалната противпожарна единица и надлежните служби излеговме веднаш на терен се организиравме и ги усогласивме активностите за што поскоро граѓаните да можат непречено да функционираат, објави Пецаков.