Големи нереди во Брисел по победата на Мароко над Белгија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
205 прегледи

Фудбалската репрезентација на Мароко оствари изненадувачка победа над Белгија на Светското првенство во неделата, при што големата мароканска дијаспора во белгискиот главен град Брисел го следеше натпреварот во живо како поддршка на северноафриканската репрезентација. Сепак, по завршувањето на натпреварот, во Брисел избувнаа немири, a причинета е голема материјална штета.

Полицијата беше принудена да го блокира пристапот до центарот на градот, користејќи водени топови и солзавец за да ги принуди насобраните навивачи да се разотидат.

Некои од насобраните навивачи палеле огнови и кршеле автомобили со цигли. Полицијата тргнала да дејствува кога едно лице се здобило со повреди на лицето, изјави Илсе ван де Кере, портпаролка на бриселската полиција.

Градоначалникот на белгиската престолнина Филип Клосе изјави дека властите прават се што можат ситуацијата да ја стават под контрола.

Засега не е познато колку лица се приведени за време на немирите.

Во четврток ќе се одиграат натпреварите од третото коло од групата Ф, кои ќе решаваат кој ќе избори место меѓу најдобрите 16 селекции на Мундијалот. Од 16:00 часот на програмата ќе бидат дуелите меѓу Канада и Мароко и Белгија и Хрватска.

Слични содржини