Големи поплави во Њујорк, вода влегува во метро станиците, погодено и Њу Џерси

од desk2
8 прегледи

Обилни дождови го зафатија градот Њујорк и околината, во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси. Дождови има и во други држави на североистокот на САД – Конектикат и Пенсилванија.

Во некои станици на метрото во Њујорк веќе навлегува вода, поплавени се и главните автопатишта, а дождовите влијаеја и на воздушниот сообраќај, па некои летови доцнат и до три часа.

Многу места на североистокот на САД се под ризик од поројни поплави по силните бури што го погодија подрачјето. Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за поплави не само за градот Њујорк, туку и за Филаделфија и Левиттаун во Пенсилванија, Камден и Берген во Њу Џерси, и Чепел Хил и Карборундум во Северна Каролина.

 

Силните бури ќе продолжат и денеска.

Гувернерот на Њу Џерси преку својот профил на Х ги повика граѓаните да останат во домовите и да избегнат непотребни патувања. Во централниот дел на оваа држава, веќе има штети од поплавите и затворени патишта.

Слични содржини