Големи поплави во западна Босна, итните служби очајни: „Пожарникарите не можат да помогнат доволно“

од desk4
252 прегледи

Населените места се загрозени, пожарникарите не можат да работат поради големото количество на вода, а поради излевањето не може да се патува по повеќе патни правци.

Во последните 24 часа поради обилните врнежи дополнително е отежната ситуацијата во областа на западна Босна, каде што се повеќе се излеваат реки и водотеци, предизвикувајќи поплавување на десетици семејни куќи и згради, а пожарникарите буквално не можеа да помогнат поради големата количина на вода. Според Цивилната заштита на округот Уна-Сана, забележани се околу 50 литри дожд на метар квадратен, што доведе до пораст на нивото на водата на сите реки над критичните нивоа и презаситеност на многу канали за одводнување на дождовница.

Особено загрижува високиот водостој на двете најголеми реки Уна и Сана. Водостојот на реката Сана рапидно се зголемува, поради тоа, се очекува излевање од коритото, што дополнително би ја усложнило состојбата во Сански Мост, каде вчера беше прогласена состојба на елементарна непогода. Во неколку случаи, противпожарната служба и итната помош биле немоќни. „За жал, при неколку интервенции, пожарникарите не можеа да направат ништо поради огромната количина на вода на теренот“, соопштија од Жупанискиот центар за цивилна заштита во областа Уна-Сана.

Слични содржини