Големината на Мурињо: Акциите на Рома се зголемија за 26% за неколку минути, прогнозите се дека ќе растат уште

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Кој се надеваше дека Жозе Мурињо ќе превземе клуб денес? Немаше индикации дека Португалецот ќе најде нов ангажман на клупата толку брзо, во Рома, иако веќе беше познато дека тој ќе биде професионален консултант за Европското првенство во фудбал на лето.

Доколку некој одлучеше да инвестира во акциите на овој клуб само еден ден или еден час порано, тие денес веќе ќе беа побогати за скоро 26% во споредба со вложените. По неколку минути, акциите на Рома вредеа 12% повеќе, а досега најголем скок беа веќе споменатите 26%. Мурињо имаше токму таков ефект врз финансиите на популарната „волчица“.

Сето ова покажува дека Мурињо е огромно име во светот на фудбалот, иако немаше забележителни резултати во последните неколку ангажмани. Каде и да се појави, ќе има дебата за тоа дали ги заслужува или не сите резултати што ги постигна досега. Во секој случај, јасно е дека Рома повеќе нема да бидат исти како порано.

Тимот од Рим знае зошто го донесе Мурињо, биле воодушевени од неговата желба и страст кон фудбалот и свесни се дека тој е човек кој секогаш е фокусиран на она што претстои. Тој никогаш не гледа далеку во минатото.

– Кога Жозе стана достапен, ние веднаш скокнавме да разговараме со еден од најдобрите тренери на сите времиња. Не привлече неговата желба и страст за играта. Не е важно колку трофеи има освоено, неговиот примарен фокус е на следниот. Тој има знаење, искуство и лидерство да се натпреварува на сите нивоа – подвлече Пинто, генерален директор на Рома.

Ќе се крене уште некоја веѓа во наредните денови поради доаѓањето на Мурињо. И како не, сепак тој е – Специјалниот.

Слични содржини