Големите поплави во Словенија видливи и од вселената (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Страшните поплави во Словенија, во кои загинаа најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини, соопштија властите.

Обилните дождови со денови паѓаат во околу две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови. Штетата е проценета на околу 500 милиони евра.

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците. Од петокот, според полицијата, шест лица загинале поради поплавите, меѓу кои и двајца холандски државјани за кои се верува дека биле погодени од гром.

Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите денеска почнале да се повлекуваат, но некои области сè уште се отсечени. Жителите на селото покрај реката Мура мораа вчеравечер да бидат евакуирани, откако се урна дел од насипот.

Властите во Крањ предупредија дека оштетените канализациони цевки може да ја загадат реката Сава. Европската унија понуди тешки машини и инженерски единици. Словенија, исто така, побара хеликоптери, војници и монтажни мостови од воената алијанса на НАТО. Хрватска и Унгарија помогнаа со хеликоптери, а Германија со тим за цивилна заштита.

Поплавите долж реката Сава возводно од Загреб до границата со Словенија се забележани и од вселената. Споредбата на сателитски снимки Сентинел-1 САР пред поплавите на 24 јули и на денот на највисокото ниво на водата на 5 август ги покажува размерите на катастрофата.

Слични содржини