Големо дерби на стартот од сезоната во Англија

од Vladimir Zorba
2,8K прегледи

Новата сезона 2024/25 во Премиер лигата ќе започне во петок на 16 август со Манчестер Јунајтед домаќин на Фулам, соопшти Лигата.

Кампањата ќе започне на „Олд Трафорд“, но најинтересниот меч од првото коло несомнено ќе биде во Лондон, каде што победникот во Лигата на шампионите за 2021 година, Челси е домаќин на шампионот на Англија во последните четири сезони, Манчестер Сити.

„Граѓаните“ се тимот што го има најтешкиот старт на сезоната, бидејќи во првите шест кола ќе треба на домашен терен да ги одмерат силите со вицешампионот Арсенал и да гостуваат кај Вест Хем и Њукасл.

Почетокот на сезоната се оформува како тежок за новајлијата во англиската елита. Шампионатот Лестер ќе ја отвори кампањата домаќин на Тотенхем, додека второпласираниот Ипсвич е домаќин на Ливерпул во дебито на Арне Слот на чело на „црвените“. Победникот од плејофот Саутемптон ќе ја отвори сезоната со гостување кај Њукасл.

Арсенал стартува со домаќинот на Вулверхемптон, а како особено интересна се чини пресметката меѓу Вест Хем и учесникот во Лигата на шампионите, Астон Вила.

Во преостанатите три натпревари од првото коло, Евертон е домаќин на Брајтон, Брентфорд е домаќин на Кристал Палас во единственото лондонско дерби на стартот, а Бурнемут гостува кај Нотингем Форест.

Интересни натпревари има и на Boxing Day. Фудбалскиот маратон на вториот ден од Божиќ ќе има натпревари како Арсенал – Ипсвич, Њукасл – Астон Вила, Ливерпул – Лестер, Манчестер Сити – Евертон и Вулверхемптон – Манчестер Јунајтед.

Големото дерби на англискиот фудбал меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул е веќе во третото коло на „Олд Трафорд“, а во четвртото е севернолондонското дерби помеѓу Тотенхем и Арсенал.

Сезоната во Англија завршува на 25 мај 2025 година. Во последното коло најинтересни се средбите Фулам – Манчестер Сити, Ливерпул – Кристал Палас, Саутемптон – Арсенал, Манчестер Јунајтед – Астон Вила и Нотингем Форест – Челси.

Целосен распоред на првото коло во Премиер лигата:

петок, 16 август

21:00 часот, Манчестер Јунајтед – Фулам

Сабота, 17 август

13:30 часот, Ипсвич – Ливерпул
16:00 часот, Арсенал – Вулверхемптон
16:00 часот, Евертон – Брајтон
16:00 часот, Њукасл – Саутемптон
16:00 часот, Нотингем Форест – Бурнемаут
18:30 часот, Вест Хем – Астон Вила

Недела, 18 август

15:00 часот, Брентфорд – Кристал Палас
17:30 часот, Челси – Манчестер Сити

понеделник, 19 август

21:00, Лестер – Тотенхем

* Времето на стартот на мечевите може да се промени.

Слични содржини