Големо дерби во Париз: Надал ветува „борба до крај“ против Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba
255 прегледи

По Србинот Новак Ѓоковиќ, пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос избори и Шпанецот Рафаел Надал, па нивниот меѓусебен дуел ќе го видиме во четвртфиналето. Тоа ќе биде нивна десетта пресметка во Париз, а 59-та во кариерата.

Првиот тенисер во светот Србинот Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето победувајќи го Аргентинецот Диего Шварцман со 6-1, 6-3, 6-3, додека Надал беше подобар од Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 3-6, 6-3, 6-2, 3-6, 6-3.

Ѓоковиќ и Надал ќе се сретнат по десетти пат во Париз и 59-ти пат во кариерата. Србинот води со 30-28, а на Гренд слемовите Надал има предност од 10-7.

„Секако дека добро се познаваме. Имаме долга историја на натпревари“, рече Надал за Ѓоковиќ. „Ќе бидам сконцентриран, ќе дадам се од себе. Не знам што ќе се случи, но ќе се борам до крај“, додаде тој.

Четвртфинале избори и третиот носител, Германецот Александар Зверев со победата против Шпанецот Бернабе Запата со 7-6 (11), 7-5, 6-3.

Слични содржини