Големо количество оружје откриено во центарот на Белград

од desk2
279 прегледи

Во центарот на Белград, зад црквата Свети Марко на Ташмајдан, денеска е откриено големо количество на експлозивни направи и муниција.

Како што информираат белградските медиуми, граѓаните меѓу црквата Свети Марко и зградите во Таковска улица забележале оставен сомнителен ранец и веднаш за тоа ја известиле полицијата. Според првичните информации, во ранецот биле пронајдени две димни бомби, солзавец, спорогоречки фитили за динамит, 20 куршума и пет детонарски каписли.

Ранецот во кој се наоѓало оружјето бил во фаза на распаѓање, што значи дека бил оставен на лоцираното место подолг временски период, преставувајќи опасност за минувачите, информираат медиумите.

Од полицијата информираа дека засега немаат прецизни податоци за откриеното оружје и екслозивните направи, за што се работи, како и дека прават увид на местото каде е откриено оружјето, додавајќи дека нема никаква закана по граѓаните и околните објекти.