Големо невреме со бура и град во Северна Хрватска направи хаос во приморските населени места и градови. Обилните дождови и грмежи оштетиле 20 автомобили, куќи и згради.
За време на олујата која траела половина час откорнати се и кровови од куќи, а од кафулињата летале столици, маси и чадори.
Во Умаг синоќа паднале 51 литар дожд на метар квадратен, а во Пореч 40 литри, а големи количества дожд паднале и во централна Истра.
Во задарската општа болница боле заджани две жени поради тоа што гром удрил во пазарот каде што продавале. Жените се во стабилна состојба, но се задржани.
Во Задар утрово имаше силни грмотевици, а за само еден час наврнаа 15 литри дожд на метар квадратен.
Силното невреме утринава предизвикало хаос и на улиците на Сплит и Трогир, пренесува Јутарњи лист.
