Големо невреме на југот на Србија: Поплавени улиците во Врање (видео)

од Nikola Popovski
356 прегледи

Големо невреме го погодило српскиот град Врање вечерва околу 18 часот, јавуваат тамошните локални медиуми.

Невремето започнало со пороен дожд, кој се претворил во град по само неколку минути.

Фотографии од градот со големина на тениски топки се објавени на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/vom.rs/videos/887422788405793/

Голема количина вода што паднала за кратко време ги поплавила улиците во Врање.

https://www.facebook.com/vranjske/videos/692194001573021/

Засега нема информации дали е причинета материјална штета на објектите.