Големо невреме во струмичко, Костадинов тврди „Фејсбук херои тријат раце и се радуваат“

од Nikola Popovski
291 прегледи

Силно невреме со грмотевици и силен дожд вечерва ја зафати Струмица и регионот. Дождот поплави дел од улиците низ Струмица, а сè уште продолжува да врне.

Исто така и гром удрил во куќа во селото Муртино во 20:50 часот по што се запалила покривната конструкција, која по интервенција на пожарникарите е изгаснат.

Градоначалникот на општината Костадин Костадинов информира дека сите екипи се на терен и Комуналец и ТППЕ Струмица и општинската администрација и советниците и излегуваат во пресрет.

-Јас сум толерантен и трпелив човек, но запрепастен сум од фејсбук хероите кои кројат дневно партиски ставови триејки раце од невремето. Мене не ме интересира чиј подрум е поплавен, мене не ме интересира која партија се луѓето кои се поплавени, јас не се радувам со невремето, јас сум градоначалник и нивни но и ваш кои се ситите на несреќата на луѓето. И вас ќе ве разберам и ќе ви простам ама нека ви е срам и арам за се што правите, објави Костадинов, додавајќи:

-Прости ми Струмицо што два дена едно по друго не зафати невреме…

Слични содржини